Волос и Скиатос под вода, сериозни проблеми од невремето во Грција

Градот Волос и островот Скиатос се најпогодени од силното невреме што ја зафати Грција, со одлука на полицијата има забрана за движење на возила, улиците се целосно поплавени, а на островот има проблеми и со бродскиот сообраќај.

Невремето „Даниел“ предизвика сериозни проблеми и материјална штета во поширокиот регион на областа Магнисиа, во кој припаѓа и градот Волос, едно лице утрово го загуби животот, а едно е исчезнато.
Со помош на гумен чамец спасувачки екипи во Волос им пружаат помош на граѓаните, градоначалникот на градот упати апел да се избегнат непотребни движења, додека пак преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се во Волос и на Скиатос дека со одлука на полицијата забрането е движењето.

Паралелно, проблеми има и во снабдувањето со електрична енергија, а во Волос поплавена е и болницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.