Денес сончево, а еве какво ќе биде времето цела недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.
Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.