Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Македонија.
- Утре претпладне сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
- Во делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
- Норвешка влегува во отворен конфликт со Брисел: Не сака да го запре екстракцијата на гас и нафта, без оглед на критиките од ЕУ
- Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна, приоритет остануваат макроекономската и финансиската стабилност
- Депортации, укинување на еврото, излез од еврозоната и Шенген: Вајдел најави планови за Германија ако АфД дојде на власт
-Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата, рече Спасовски.
Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.
Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



