Порано, раните осумдесетти кај педагошка имаше студентски бараки, а во нив студенти од Африка, Азија, Блискиот Исток… Од НЕВРЗАНИТЕ…
Ни поминуваа низ маало кон автобуската станица. Понекогаш ни се придружуваа во играњето фудбал.
Имаше двајца од,Палестина, од Газа, едниот се викаше Рафа или Руфи, не се сеќавам. Зборуваше македонски. Студираше медицина. Седеше со нас, не частеше лимонада или сладолед по фудбалот.
- Израелски војник со чекан уништи статуа на Исус во Либан
- Идентификуван американски масовен убиец: Ги убил своите седум деца, најмладата жртва имала три години
- Поевтинуваат горивата
- Инцидент по натпреварот Башкими – Струга! МВР: Приведен е сопственикот на еден клуб, а оштетен е и автобус
- Регистрирани првите жртви од разорниот земјотрес во Јапонија: Започна цунами, граѓаните добија итно предупредување – Се заканува ли нова нуклеарна катастрофа? (ВИДЕО)
Сакаше побрзо да дипломира и да се врати во Газа. Да го лечи и спасува неговиот народ. Беше многу благодарен на Македонија, Југославија и Тито, што ја разбираат борбата на Палестинците и му дале шанса да се школува, да добива и некоја стипендија.
Зборуваше за окупацијата, за тоа дека има загубено 16 блиски и далечни роднини во нападите или борбите против Израел.
Браќа, сестри, мајка… братучеди… бевме деца и тоа ни се чинеше нестварно, дека некаде се случува додека ние живеевме безгрижно детство.
Денес во Газа е истата приказна. Рафа можеби уште спасува луѓе во болницата во Газа ако е жив. Кај нас одамна не студираат странци. Немаат каде и немаат зошто. Тоа е стварноста. Но она што денес ми изгледа нестварно е како тие жртви на Палестинците се невидливи за цивилизираните ЕУ која се дави во човекови права и душа дава за толеранција на ЛГБТ и сличните. Ниту збор за стотината деца кои татковците деновиве ги извлекуваа од урнатините во Газа.
Дава едноминутно молчење за загинатите во Израел, но ниту секунда за трагедијата во Газа.
За комплетната блокада за вода, храна и лекови. За ужасот на ранетите палестински деца на кои им ампутираат раце или нозе без анестезија, зашто ја нема, а мора да ги спасат.
Ние го прегрнавме токму тој варварски, садистички лицемерен свет, кој секогаш мери со два аршини. И затоа станавме ко него.
Рафа, веројатно не се сеќава на мене, ако е жив, ама сигурно се сеќава на една група деца со кои играл фудбал и ги честел сладолед додека студирал и живеел меѓу туѓ народ што ја разбирал неговата лична и национална трагедија.
Најлудо би било, некако да го прочита ова и да добијам порака од некој непознат побелен старец: HI, I am Raffa… А може ќе ми пише на македонски, ако не заборавил по 40 години.
Пронајдете не на следниве мрежи:



