Браво! Виктор Стојанов доби доживотна забрана за влез во Македонија

На претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, му е изречена доживотна забрана за влез во Македонија, потврди тој за порталот „Лупа.бг“.

„Добив доживотна забрана за влез во Македонија. Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ги запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов.

Тој веќе имаше забрана од една година и 3 месеци. Кога му завршила забраната, се упатил кон Скопје, но бил вратен назад на граница бидејќи таа му била продолжена на неодредено време.

Стојанов потсети дека поради омраза кон бугарскиот народ, влезот на Македонија во ЕУ беше одложен. Оваа одлука беше донесена на самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија за која во јануари в година се отвора преговарачко поглавје.

„Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше“, истакна Виктор Стојанов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.