Две златни медали освоија млади неготинки на интернационален куп во кикбокс што се одржа вчера во Босна и Херцеговина, информираа денеска од КБК „Гладијатор” од Неготино.
– Во Тешањ, Босна и Херцеговина, се одржа реномираниот интернационален куп во кикбокс WAKO Balkan Open 2023, каде учество земаа и нашите девојки од КБК „Гладијатор” Неготино, Јадранка Темелкова и Марија Јанева, кои се вратија со два златни медали. Јадранка како помлад јуниор во КЛ -55 килограми дисциплина, во полуфиналето ја совлада Хрватката со 3-0 и се пласира во финале, каде извојува победа пак со 3-0 и се закити со злато. Марија како сениор во КЛ-60 килограми, во финале ја совлада Босанската натрпреварувачка и со 3-0 се закити со злато, појаснија од Клубот.
- Салах предизвика вистинска лутина во Турција, градоначалникот го смени името на улицата поради него
- УХМР: Големо невреме во тиквешијата, а поројни дождови и ветер речиси во пола Македонија
- Зошто минералната вода е подобра алтернатива на газираните пијалоци за здравјето на забите
- Бик и Стрелец влегуваат во период на нови финансиски можности
- Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за превозниците во ЕУ
- Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за превозниците во ЕУ
- Кој беше Иван Гудељ? Југословенското чудо, сите го напуштија, на 26 години ја заврши кариерата поради болест
- Меџити: Меморандум со Универзитетот „Мајка Тереза“, соработка за здравјето и развојот на децата
- Кајли Џенер: Кога купив куќа во Беверли Хилс, сфатив дека ја изгубив контролата врз мојот живот
Оттаму информираа дека на овој куп учествувале 85 натпреварувачи од нашата држава, предводени од претседателот на Македонската кикбокс Маи Таи федерација, Дејан Митревски- Урко. Биле освоени 67 медали, 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени.
Пронајдете не на следниве мрежи:



