Иако кафето нуди некои значајни здравствени придобивки, вклучувајќи го и фактот дека може да помогне во губење на тежината, додавањето на погрешни состојки во мешавината може да ги негира овие придобивки и да има негативен ефект врз вашето здравје.
На пример, редовното додавање на многу шеќер и сирупи со вкус може да го отежне слабеењето, што може да биде вистинска неволја за оние што сакаат благо. За среќа, постојат многу здрави алтернативи за рафинираниот шеќер.
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- САД наскоро ги враќаат санкциите кон Русија
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење
- Масакр на семејната маса: Наставник по географија ги убил сопругата и свекорот за време на појадокот – Соседите слушнале истрели, а потоа и морничави плачења на деца
- ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
- Обвинителството бара притвор за скопјанецот кој ги опожари возилата пред Бугарската амбасада
- Што се случува со вашето тело ако јадете јагоди секој ден?
- Владата најавува нова инвестиција од 21 милион евра во Слободната економска зона во Тетово
- Експертите издвоија пет вештини во кои луѓето сè уште имаат предност во однос на вештачката интелигенција
Повеќето здравствени експерти ќе се согласат дека консумирањето црно кафе е најдобрата опција за вашето здравје. Ако навистина не уживате во вкусот на незасладеното кафе, наместо да додадете рафиниран шеќер во вашата шолја, нутриционистите препорачуваат да пробате шеќер од монк овошјето.
Шеќер од овошјето монк е одлична алтернатива на шлагот и шеќерот за засладување. Покрај тоа што додава добра доза на природна сладост, тој е исто така богат со антиоксиданси, така што не само што ги избегнувате воспалителните состојки во преработените креми или шеќер, туку му давате и на вашето тело антиинфламаторни хранливи материи.
Ова овошје е всушност мала суптропска диња која расте во оддалечените планини на Јужна Кина, каде е познато како 罗汉果 (луохан гуо). Класифицирано е како Siraitia grosvenorii, на англиски се вика monk fruit, а на руски го викаат архат од санскритскиот збор arhat.
Монашкото овошје содржи природни антиоксиданси, како што е могрозид, за кој е откриено дека има антиинфламаторни и антиканцерогени својства. Овие соединенија можат да помогнат во заштитата од оксидативен стрес и да го поддржат целокупното здравје.
Една од основните придобивки на овој засладувач за овошје е тоа што не содржи калории. Ова го прави одличен избор за оние кои внимаваат на внесот на калории или се обидуваат да ја контролираат својата тежина.
Пронајдете не на следниве мрежи:



