Владата и советниците во Советот на Градот Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да предизвикаат хаос во јавниот сообраќај во Скопје, истакна денеска на прес-конференција директорот на ЈСП, Крсте Петревски.
– Веќе 30 години политиката во Република Македонија е фактор на уназадување, не фактор на прогрес. Така е и во последните две години. Имено, поради теснопартиските и лични интереси, втора година граѓаните на Град Скопје се жртви на неколкумина кои иако имаат обврска да го унапредуваат работењето на градот, со сите сили се обидуваат да предизвикаат хаос.
- Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц
- Левица: Предизвикувајќи инцидент ДПМНЕ избега од одговорот зошто не ја укинаа историската комисија
- Банана залепена за ѕид продадена на аукција за 6,2 милиони долари
- Страшно предвидување: 30.000.000 луѓе ќе умрат
- Митовски на Клан Дебата: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ нема врска со десничарство, повеќе наликуваат на социјал-демократи
- ХРВАТСКА „БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СНАОЃАТЕ“: МВР подготвува брошури со совети за ПРЕЖИВУВАЊЕ за првите 72 часа од војната!
- Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје
- Aмериканските власти ја бранат одлуката како неопходен чекор за да ја зајакнат Украина
- Сонцето влегува во Стрелец! 3 хороскопски знаци очекуваат среќен период до 21 декември
Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за набавка на нови автобуси за ЈСП, со што би се обновил возниот парк, а граѓаните би добиле подобра услуга.
Партиските интереси за овие луѓе се поважни од интересите на оние кои ги изгласале на оваа функција. Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за доделување на средства на ЈСП, кои му следуваат на претпријатието а се потребни за исплата на плати на вработените.
Личните и партиски интереси повторно се поважни од вработените, па смислено ја блокираат исплатата на плати за вработените во ЈСП, свесно обидувајќи се да предизвикаат криза во јавниот превоз.
Трета година по ред, Владата на Република Македонија на ЈСП не му исплаќа средства за бесплатниот студентски превоз, Владата на ЈСП му должи 360 милиони денари за услуга која произлегува од одлука на истата Влада, а ЈСП во целост ја извршува.
Цената на ваквата деструктивна одлука за жал повторно ја плаќаат граѓаните, вели директорот Петревски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.