Се чини дека сагата за поранешните партнери на познатата манекенка Катерина Ивановска продолжува со тепачка во познат скопски локал, објавија повеќе портали и сајтови.
Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, па за тоа проговори во емисијата „Жешко столче“.
- Руслана ја испеа „Lane moje“ и стана предмет на исмејување: Гледачите не ја поштедија (видео)
- Цената на златото нагло падна на најниско ниво од август годинава!
- Реакцијата на пејачката за време на доделувањето на MTV VMA наградите привлече внимание: Дали мислеше на Тејлор Свифт?
- Овие три хороскопски знаци се особено склони кон љубомора: Тие бараат посебно внимание во врската
- По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар осуден поради шега за Ердоган во која го нарекол „диктатор“
- (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
- Делови од Општина Центар утре без вода
- Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, рече Антиќ.
Потоа моделот Ивановска некаде во јуни годинава објави фотографија на која е заедно со синот Вања и поранешниот партнер Цобе. Двојката пред две години се раздели, но иако разделени, заедно се видени на завршната претстава на синот Вања во градинката „Зелена куќа“.
По разделбата со Цобе, ова е прва фотографија која ја објави Катарина, која покрај синот ја има и ќерката Кира.
– Дали можеби љубомората е причина за тепачката кон крајот на октомври во која Антиќ влегол во тепачка со Цобе во познат скопски клуб на хип хоп вечер? Според нашите информации, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил, објавија медиумите.
Потоа настанала тепачка, а Цобе сакајќи да го погоди Антиќ со флаши и чаши во полниот клуб погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.
Ивановска пак се чини дека не е многу заинтересирана за своите “поранешни” и веќе неколку месеци јавно шета со Стефан за кој се шпекулира дека и е новото момче.
Пронајдете не на следниве мрежи:



