Мицкоски делел УСБ-иња и документи во печатена форма на странските амбасади во Македонија за тоа како тој ќе го промени Уставот и ќе ги внесе Бугарите во Устав, открива во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– Мицкоски делел УСБ-иња и печатени документи со детално разработен план за тоа како тој кога ќе дојде на власт ќе го промени Уставот со цел внесување на Бугарите во Уставот. Тоа им го дал на амбасадорите со кои се сретна, бидејќи Мицкоски одамна немал сериозна средба со амбасада на поголема држава во Македонија, вели Митовски.



