Оваа вкусна оброк салата со пилешко и павлака можете да ја подготвите за само 15 минути и тоа со само неколку состојки!
За неа ви се потребни макарони, пилешко филе, павлака и зеленчук по вкус. Можете да бидете креативни и да внесете нови состојки по ваш вкус, и да направите пилешка салата со богат вкус и примамлив изглед.
Потребни состојки:
- 300 гр. пилешко бело месо
- 2 јајца
- 400 гр. кисела павлака
- 4 кисели краставички
- 200 гр. макарони
- 1 лажичка сенф
- неколку листови сланина
- малку сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте го пилешкото филе, зачинете по вкус и испржете го на малку масло. Тестенините згответе ги според упатството на пакувањето така што ќе бидат „ал денте“ и сварете ги јајцата.
Во еден сад ставете ја павлаката, сенфот, исечканите јајца и тестенините и сè убаво измешајте. Потоа додадете го пилешкото бело месо исечкано на коцки, како и краставичките исечени на ситни парчиња.
Листовите сланина пропржете ги додека не станат крцкави и исечкајте ги на ситни парчиња. На крајот соединете ги сите состојки.
Пронајдете не на следниве мрежи:



