Многу момци би биле среќни доколку некоја жена предложи тројка, но овој човек навистина зажали поради тоа откако неговата партнерка покани друг маж во нивната спална соба.
Тој паднал во стапицата на жената кога организирала тројка, но кога сфатил за што всушност се работи – веќе било доцна. Мажот на социјалните мрежи раскажа како неговата сопруга ја организирала тројката, но дека тоа е „местенка“ сфатил дури откако навистина се случило.
– Поранешната ни договори тројка, со друг тип. Воопшто не беше еротско. Целосно ме игнорираа и тргнаа во акција „како зајаци“ . Подоцна сфатив дека таа сама си го наместила , па не морала да спие со него зад мојот грб. Набргу потоа се разведовме – признава човекот.
Откако ја сподели својата приказна, многумина побрзаа да ја коментираат неговата ситуација, вклучително и оние кои беа шокирани што на момчето му требаше толку време да го сфати ова, пишува Дејли Стар.
– Подоцна сфати?! Зарем не ви текна кога сопругата ве игнорираше додека имаше секс со друг маж? – го прашаа.
– Разбрав половина од приказната. Што ти требаше толку време? – коментираат тие.
– Не зезај. Веројатно ве изневерувала и пред тоа – пишуваат.
Сепак, на некои им беше жал за момчето.
– Страшно, раскинувањето е доволно тешко и без ова – додаваат тие.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.