Без разлика дали жените самите ги подигнаа стандардите или тоа беше општествен процес, во секој случај од денешната жена се очекува да биде успешна и како семејна жена и како деловна жена. Поради ова, повеќето се растргнати меѓу децата, кујната, работата и очекувањата.
Еве што вели Михаил Литвак , еден од најпознатите руски психолози на денешницата, за тоа:
- Едно семејство со хумана одлука спаси два човечки животиПостојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот“. Одлуки донесени во… Read more: Едно семејство со хумана одлука спаси два човечки животи
- Јаневска: Во училиштата, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишноВо последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи… Read more: Јаневска: Во училиштата, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно
- Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол ВарнесМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје… Read more: Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес
- Москва згрме: „Ако ги допрете…“Москва ќе ја смета секоја провокација против Белорусија и обидите на украинскиот… Read more: Москва згрме: „Ако ги допрете…“
- Зошто не смеете да смените седишта во полупразен авион?Изборот на седиште е важен дел од резервацијата на лет. Некои патници… Read more: Зошто не смеете да смените седишта во полупразен авион?
„Еден ден Марија дојде кај мене во ординација. Нејзиниот проблем беше следниот: не можеше да најде маж за себе”.
Марија е образована и многу успешна директорка на компанија. Зад себе има неуспешен брак и две возрасни ќерки.
Во секој поглед таа е успешна жена, освен во љубовта. Марија сакаше. Беше лудо вљубена во својот сопруг. Затоа се омажила за него. Додека таа се образувала и одела напред, градејќи завидна деловна кариера, нејзиниот сопруг бил обичен работник во компанија со просечна плата. Немаше желба за професионален напредок.
И додека кариерата на Марија се развиваше, додека таа одеше кон врвот, тој стануваше сè понезадоволен и нивниот брак многу страдаше. Еден ден Марија отворено го прашала што треба да направи за да го спаси нивниот брак.
„Оставија ја работата и грижете се за семејството“, било неговото барање.
Марија се согласи. Се откажала од работата и станала домаќинка, сè заради „мирот дома“. Меѓутоа, тој мир никогаш не дојде. Зошто? Мажот беше огорчен, ништо не му одговараше. Му пречеше Марија која кротко седеше дома. Сè го потсетуваше дека таа успеала во животот, а тој не.
Бидејќи ситуацијата во бракот не се подобрила и по неколку години, Марија решила да се разведе. Го оставила сопругот и почнала од почеток.
Сама ги образувала ќерките, повторно ја издигнала кариерата од пепел, но сепак немала среќа во љубовта. Затоа се обратила на психолог.
Еве кој бил нејзиниот проблем:
Ако вашиот партнер не напредува и не се развива со вас, тогаш оставете го без двоумење. Не обидувајте се да го промените. Не си го троши времето.
Марија се пожали на неправдата, бидејќи мажите што и’ се допаѓаат (успешни бизнисмени) имаа домаќинки, мајки, без кариера и успех.
Оние мажи кои ја сакаа Марија беа главно женкари за кои не доаѓаше предвид.
Мојот совет до Марија беше да погледне малку меѓу исклучително успешни деловни луѓе кои имаат исти интереси како неа . Ако барате доволно долго, ќе најдете начин да го најдете тоа што го барате.
Затоа, жени – пишувајте докторски дисертации, брзајте напред и никогаш не гледајте назад. Не гледајте ги луѓето кои се под вас, тие само ќе ве влечат надолу. Ништо добро нема да излезе од тоа. Дури и ако целосно се промените, станете она што тој сака да бидете – дури и тогаш нема да бидете добри за него.
Подобро да си сам отколку во лошо друштво!“
Пронајдете не на следниве мрежи:



