Вестта за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри вистинската причина за неочекуваниот крај на љубовта.

– Бракот ми се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – изјавила таа.
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружјеАмериканскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју, изјави дека американскиот претседател… Read more: Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентностПросечната активна транспарентност на Владата, министерствата и општините во Северна… Read more: Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
- Делови од Општина Центар утре без водаОд ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 29.09.2026г.… Read more: Делови од Општина Центар утре без вода
- Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десетПациент од Скопско (70 години) е десеттата жртва на вирусот… Read more: Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет
- Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4,50 денари, бензините поскапи за еден денарРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување… Read more: Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4,50 денари, бензините поскапи за еден денар
За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак , пишува Page Six.
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот – се наведува во заедничката изјава за медиумите.
Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата на „Модерно семејство“ на Бадник во 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат. Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:


