Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со судска одлука доби старател.
Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.
- Австрискиот парламент одлучува за нова забрана за цените на горивата за октомври и ноемвриАвстрискиот Националрат ќе се состане на итна седница во понеделник за да усвои нова сопирачка… Read more: Австрискиот парламент одлучува за нова забрана за цените на горивата за октомври и ноември
- Преспанското Езеро порибено со 500 илјади млади краповиПреспанското Езеро е порибено со 500 илјади млади крапови, произведени во село Звезда во Корча.… Read more: Преспанското Езеро порибено со 500 илјади млади крапови
- Министерството за јавна администрација го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слухЈавната администрација е тука за сите граѓани. А тоа значи дека секој граѓанин, без разлика… Read more: Министерството за јавна администрација го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух
- ДОМ: Што се случува околу „жешките точки“ во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршенаДодека Владата продолжува со постапката за избор на изведувач за санација и чистење на малата… Read more: ДОМ: Што се случува околу „жешките точки“ во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршена
- Зеленски: Над 10.000 руски војници убиени или ранети за една недела – Украина напредува во секторот ЛајманУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили убиле или раниле 10.660 руски војници во… Read more: Зеленски: Над 10.000 руски војници убиени или ранети за една недела – Украина напредува во секторот Лајман
Старателот ќе му помогне и на Ален Делон во изборот на лекар кој ќе продолжи да го следи неговото здравје.
Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.
Браќата Антони и Ален Фабијан ја обвинија нивната сестра Анушка дека го запоставува нивниот татко и го искористува, додека Анушка поднесе тужба против браќата за клевета.
Алармот го вклучи и Ироми Ролен, жена која до неодамна беше покрај актерот и која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима препишаната терапија. Според Ален Фабијан, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анушка негира дека овој потег бил договорен. Не се знаеше дали Ален Делон може сам да одлучи дали сака да го продолжи лекувањето или не.
Пронајдете не на следниве мрежи:



