Ако ДУИ го поддржи Таравари во трката за претседател и ги убеди своите гласачи, тој со сигурност ќе оди во вториот круг

„ДУИ би требало, зашто тие повикуваат на Албанец премиер или претседател, ако навистина им е важно да го поддржат Таравари. Ние ќе се бориме на 8 мај на парламентарните избори, но за претседателски избори кога овој пат е можно да биде Албанец претседател на држава, со легимитет од народот, ако ДУИ ги убеди своите гласачи, убеден сум дека Таравари ќе оди во втор круг на претседателските избори“, вели лидерот на Алтернатива

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од тројката опозициски партии на Албанците, односно од коалицијата „Европски сојуз за промени“ во интервју на ТВ Канал 5 зборувајќи за објавената кандидатура на актуелниот лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за претседател на претстојните избори во земјава рече дека е време Демократската унија за интереграција (ДУИ) да го поддржи него, кога, како што посочува, многу пати се изјасниле дека им е важно премиерот или претседателот на државата да биде Албанец.

Фото: Принтскрин

„„ДУИ би требало, зашто тие повикуваат на Албанец премиер или претседател, ако навистина им е важно да го поддржат Таравари. Ние ќе се бориме на 8 мај на парламентарните избори, но за претседателски избори кога овој пат е можно да биде Албанец претседател на држава, со легимитет од народот, ако ДУИ ги убеди своите гласачи, убеден сум дека Таравари ќе оди во втор круг на претседателските избори“,

вели Гаши.

Според Гаши, потребно е да се скршат бариерите дека некоја функција е загарантирана за некоја етничка заедница, но смета дека би испратиле силна порака за една мултиетничка држава ако, како што вели, претседател на државата овој пат биде Албанец.

Време е да се избере претседател на држава поради квалитетот на луѓето. Причината зошто сите заедно го кандидираме Арбен Таравари е заради тие квалитети кои тој ги поседува како личност. Тој ќе биде биде еден од подобрите кандидати во оваа претседателска трка. Стратегијата треба да се води во таа насока“,

рече лидерот на Алтернатива.

Зад Таравари стојат четири политички партии, вели Гаши, како и многу невладини организации, многу интелектуалци, многу народ. На неофицијалните информации дека ДИУ ќе номинира свој кандидат за претседател, Гаши вели дека тие сега треба да одлучат дали се водат од интересот на Албанците или, пак, како што вели, од партискиот интерес.

„ДУИ овој пат треба да одлучи дали е со Албанците или се води од личниот и партискиот интерес. Тие се пред свршен чин. Ова е моментумот. Ако имаат кандидат за претседател паѓа во вода се што зборувале, односно дека не им било важно дали претседателот е Албанец, туку им е важно тој да биде од ДУИ. Тие не се борат за албанството, да е нешто на Албанците, туку ДУИ да е, нивно да е. На граѓаните веќе им е здосадено. Луѓето сакаат на одговорни места да има одговорни кандидати и претсатвници. ДУИ не го помина овој тест. Тие многу често правеа равенство меѓу Албанец и ДУИ. Да бидеш Албанец во Македонија значи да бидеш дикриминаран и од државата и од ДУИ, зашто не си нивен Албанец. Време е овој начин на политиканство да оди во историја“,

вели Гаши.

Коментирајќи ги двоумењата во изјавите на Таравари дали ќе се кандидара за претседател, дадени изминатиот период, Гаши вели дека тоа било зашто лидерот на Алијанса за Албанците не сакал да остави лош впечаток дека проблемите во АА и нивното соединување со опозициските партии на Албанците е заради негови лични интереси и заради добивање на негова лична позиција.

„Од минатата сабота тој и неговите поддржувачи од Алијанса на Албанците работиме заедно во заедничка делкарација и заеднички настап. Работиме на она што е наш заеднички интерес. Го убедувавме Таравари дека неговата кандидатура за претседател е од интерес за сите граѓани, заради интерес на нас како опозиција. Добро е што одлучи за трча за претседател. Како лидер и кога водите една партија, мора да внимавате и да го артикулирате тоа што го бараат вашите поддржувачи, граѓаните, кој е државниот интерес. Интересот на граѓаните е тој да биде кандидат за претседател,

рече Гаши.

Според него, една од причините зошто СДСМ паѓа надолу, а како доказ за тоа ги посочи и последните анкети, е токму и заради големите концесии кои ги направила кон ДУИ.

„Сите сме свесни дека СДСМ на овие избори ќе има историски пораз“,

рече тој.

Од градскиот плоштад во Гостивар, актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска ја објави кандидатурата за претседател на државата. Таа, како што кажа, е на предлог на Претседателството на партијата и со поддршка од опозициските партии на Албанците, здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“.

Во друштво на лидерите на трите партии кои ја сочинуваат оваа коалиција, Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса), Таравари и повеќемина поддржувачи, промовирајќи ја кандидатурата, се осврна на четири работи: дека мотив во трката за претседател ќе му биде Хипократовата заклетва што ја дал како лекар, дека поддршка ќе бара од сите партии на Албанците и дека освен од Албанците, со почит ги очекува гласовите и од граѓаните од другите етнички заедници кои живеат во земјава.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери денеска одби да одговори на прашањето дали ДУИ ќе номинира свој кандидат на претстојните претседателски избори на 24 април, велејќи дека не е на него да коментира партиски одлуки бидејќи тој не е претставник на ДУИ, туку на Владата.

Прашан за можната кандидатура на ДУИ на претседателските избори, Џафери ги упати новинарите одговор да бараат кај лидерот на партијата, Али Ахмети во партиското седиште во Мала Речица.

„За тоа прашање ќе си одите до Речица и ќе седнете со лидерот да разговарате. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција“,

рече Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи: