Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.
- Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјатаВремето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во… Read more: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
- Шест инвеститори заинтересирани за купување на Алта Банка во МакедонијаНародната банка на Северна Македонија бара купувач за Алта банка со… Read more: Шест инвеститори заинтересирани за купување на Алта Банка во Македонија
- Испораките на руски гас за Турција речиси четирикратно зголемени за пет денаИспораките на руски гас за Турција преку гасоводи во првите пет… Read more: Испораките на руски гас за Турција речиси четирикратно зголемени за пет дена
- Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал со тврд предметНа 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријави… Read more: Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал со тврд предмет
- Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи да придонесува за решавање на украинскиот конфликтТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател… Read more: Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи да придонесува за решавање на украинскиот конфликт
– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.
Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.
– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



