ПР-от на познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов вечерва испрати порака до медиумите.
Инаку Мирко Попов од вчера е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.
Во соопштението испратено вечерва во медиумите се вели дека Мирко Попов не е починат и тој се бори на скопските клиники. Ова следува откако деновиве на големо се шпекулира и се пренесуваат невистини во јавноста.
Попов бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори да го спаси.