ЦУК: Хеликоптерот на МВР не е активиран, но е во дежурна подготвеност, ако треба да интервенира над селото Вешала

ЦУК: Според ситуацијата и успешноста на гасење на пожарот од земја, хеликоптерот на МВР не е активиран, но е во дежурна подготвеност до 15.00 часот, ако треба да интервенира над селото Вешала.

Согласно развојот на пожарот и неговото гаснење од земја, ангажираните екипи, како што Јавната установа национален парк „Шар Планина“ информира до ЦУК, изгаснале два крака од пожарот над с. Вешала во Општина Тетово, а останал уште еден крак. Според ситуацијата и успешноста на гасење на пожарот од земја, воздухопловната поддршка, хеликоптер на МВР, не е активирана, но е во дежурна подготвеност до 15.00 часот, информираат од Секторот за операции и координација во ЦУК. Ако нема појава на засилен ветар, ангажираните сили информирале дека ќе го локализираат и ќе го изгаснат пожарот над Вешала до крајот на денот.

ЦУК директно со институциите од Системот за управување со кризи (СУК), а и преку Регионалниот ЦУК Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за помагање на ангажираните за гаснење на пожарот што почна да гори од вчера, според првата дојава во 14:10 на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: