Како што наведува Народната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 8,7 отсто на годишна основа. Растот се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.
Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 отсто на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити.
На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,25, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.