ВЛЕН ќе добие прв вице-премиер, шест министри, седум заменици и 400 ДИРЕКТОРИ на институции

Околу 400 директори, прв вице-премиер, шест министри и седум заменици на миистри ќе добие коалицијата ВЛЕН како дел од владиниот колач, откри Висар Ганиу, еден од преговарачкиот тим на коалицијата Вреди, кој изјави дека се задоволни од досегашниот тек на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, дека преговорите за формирање влада се договорени во добра работна атмосфера.

Деталите за кадровските поделби преговарачкиот тим ќе ги соопшти на заедничка конференција за медиумите, најави Ганиу.

Според него, коалицијата Вреди ќе има шест министри – министер за европски прашања (СЕП станува министерство), за екологија (кој ќе биде и прв вицепремиер), за здравство, економија и труд, социјална политика, демографија и млади. Вреди ќе предложи и 7 заменици – министри  во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за образование, за транспорт, етнички заедници, земјоделство и за надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи Вреди и околу 400 директори и раководители на институции, вели Ганиу.

Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на новата влада од претседателката Сиљановска Давкова, со што тече рокот од 20 дена во кои Мицкоски треба да состави Влада и да ги претстави персоналните решенија и програмата за работа на Владата во Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.