Ковачевски очекува успешен Конгрес од кој СДСМ треба да излезе посилен

Пратеникот и лидер на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски денеска се обрати пред медиумите во пресрет на отчетниот Конгрес на партијата.

-Денес имаме закажано Конгрес на партијата и според статутот на СДСМ, раководството ќе даде отчет за изборните резултати. Исто така делегатите ќе се изјаснат за довербата во органите на партијата и на кој што ќе разговараат за сите прашања поврзани со изборите, но и околу работењето на партијата во изминатите четири години, истакна Ковачевски.

На новинарско прашање дали очекува жестока дебата и директни напади околу работењето на партијата и поразот на изборите, Ковачевски вели дека се што имал да каже, го кажал и на 8-ми мај и на денот кога се повлече од претседателското место во партијата, на 28-ми мај.

-Очекувам отворена дебата и да се разговара отворено и конструктивно за сите прашања кои влијаеа на изборниот резултат. Делегатите ќе имаат за што да разговараат, членовите на раководството ќе имаат свои одделни експозеа. Мислам дека ќе биде успешен Конгрес од кој СДСМ ќе треба да излезе посилен и побединет и да влезе во процесот на финализирање на нов претседател и ново раководство, кажа Ковачевски пред новинарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.