Падна потпорен ѕид на Детската клиника во Скопје

Падна потпорен ѕид на Детската клиника на Клиничкиот центар во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пријава до ЦУК била доставена уште пред една година, по што ЦУК ги известило сите надлежни инстотуции, Министерство за здравство, МВР, Град Скопје и Општина Центар. Пријава дека дел од ѕидот е срушен до ЦУК пристигнала рано утрово, а во опасност е да падне целиот ѕид, апелираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Се работи за улицата која го разграничува Клиничкиот центар од куќите, а водоводните и канализационите системи таму се во лоша состојба, соопшти Ангелов кој смета дека се загрозени човечки животи бидејќи целиот ѕид може да падне, а по улицата постојано се движат автомобили.

Пронајдете не на следниве мрежи: