Силен земјотрес среде ноќ ја погоди Албанија: Почувствуван во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, утрово, околу три часот по локално време ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 6,1 километри.

Потресот е почувствуван во Драч, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Пронајдете не на следниве мрежи: