Земјотрес ја стресе Калифорнија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.
Епицентарот бил на 26 километри северно од градот Салинас, кој има околу 160.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: