Камала Харис за два дена собрала 55 милиони долари

Кампањата на демократската претседателска кандидатка, Камала Харис, за време на два настана одржани во текот на изминатиот викенд, собрала 55 милиони долари, потврди претставник на кампањата.

На саботниот собир за донирање средства во Палатата на ликовните уметности во Сан Франциско, на кој беа прикажани говори на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и пејачката Андра Деј, актуелната американска потпретседателска и демократска кандидатка собрала 27 милиони долари, изјави неименуван претставник на кампањата.

Вчера, пак, Харис собрала 28 милиони долари на настанот одржан во центарот на Лос Анџелес на кој учествуваа Аланис Морисет, како и ѕвездите на шоу-бизнисот Стерлинг К. Браун, Деми Ловато, Џесика Алба, Лили Томлин и Стиви Вондер.

Пронајдете не на следниве мрежи: