Нето надворешниот долг на земјата зголемен за 109 милиони евра

На 30. јуни 2024 година, нето надворешниот долг на Република Македонија изнесува 4.481 милион евра, што е 30,8% од проектираниот бруто домашен производ (БДП). Според податоците објавени од Народната банка, во вториот квартал од 2024 година, нето надворешниот долг се зголемил за 109 милиони евра, односно за 2,5%.

Структурата на надворешниот долг покажува дека приватниот нето-долг продолжува да има поголемо учество, со 64% од вкупниот нето-долг. Исто така, во текот на вториот квартал, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра, достигнувајќи 8.622 милиони евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Повеќе информации и детали за промените во надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција се достапни на следниот ЛИНК.

Пронајдете не на следниве мрежи: