Да бев на власт, Путин ќе сонуваше да почне војна со Украина ама никогаш немаше да посегне, вели кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Трамп за себе вели дека е единствениот американски лидер во последните години во чиј мандат Русија не ги напаѓала своите соседи, вклучително и Украина.
Тој во интервју за „Вашингтон пост“, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немало да започне војна против Украина ако останел на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене (на власт)“, рече Трамп.
Трамп објасни дека Путин почнал да размислува за нападот по повлекувањето на американските трупи од Авганистан во 2021 година.
Тој рече дека земјите од Европската унија треба да инвестираат во одбраната исто колку и САД, бидејќи, како што наведува, економијата на ЕУ „по големина“ е слична со економијата на САД.
Инаку, Трамп тврдеше дека за 24 часа ќе ја заврши војната во Украина.