Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте.
На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД потрошиле десетици милијарди долари за поддршка на Украина.
– Да разјасниме: Украина веројатно не би постоела денес како земја без поддршката на САД – рече Руте.
Според него, ситуацијата на бојното поле е тешка за Украина.
Руте смета дека е виден „ограничениот напредок на руската армија на бојното поле оваа година“.
Зборувајќи за рускиот нуклеарен арсенал, Руте нагласи дека Алијансата е свесна за новата доктрина на Русија на тоа поле, но не гледа закана дека Москва ќе користи нуклеарно оружје.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.