Електростопанство на Македонија и овој месец купи 45.600 мегават часови електрична енергија за период од само две недели.
Според ЕСМ на овој начин ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период.
Ова не е прва набавка на ЕСМ, претпријатието за 45 дена односно за септемеври и половина октомври државните електрани вкупно за набавка на електрична енергија потрошиле близу 10 милиони евра. Ако се погледне извештајот на МЕПСО, во текот на целата мината година ЕСМ за набавка на струја потрошиле над 12 милиони евра, а сега сумата веќе достигнува 10 милиони евра за месец ипол.
Прогнозите на HUDX се дека цената за мегават во октомври ќе биде околу 90, a во ноември и декември нешто над 100 евра. Во пикот на потрошувачката пак ќе достигне и до 135 евра за мегават час.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.