На аеродром во Јапонија експлодира бомба од Втората светска војна, откажани десетици летови

Експлозијата на бомбата создала кратер широк седум метри и длабок еден метар меѓу такси патеката и пистата, изјави претставник на јапонското Министерство за транспорт, пренесе Ројтерс, додавајќи дека во експлозијата немало повредени.

Поради овој инцидент откажани се 87 летови, од кои најмногу откажани полетувања на локалните компании JAL, ANA и други авиокомпании, кои го поврзуваат Мијазаки со Токио, Осака, Фукуока и други места.

Тимот за отстранување експлозивни направи на Јапонските копнени сили за самоодбрана подоцна утврдиле дека експлозијата била предизвикана од американска бомба закопана под земја, најверојатно датира од воздушен напад за време на Втората светска војна, изјави јапонски официјален претставник.

Истрагата што е покрената ќе ја утврди причината за ненадејната експлозија во која за среќа нема повредени, ниту пак е причинета штета на некој од авионите.

https://x.com/Sepa_mass/status/1841381705489272982?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1841381705489272982%7Ctwgr%5E52e15daff38915d70935d5bc6776f7633d281ba9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvreme.mk%2Fsvet%2Fna-aerodrom-vo-japonija-eksplodira-bomba-od-vtorata-svetska-vojna-otkazhani-desetitsi-letovi-1effda85-d533-42bb-bd4e-d9d16bf6ed89

Пронајдете не на следниве мрежи: