Француската ѕвезда заработува 240.000 неделно, а носи копачки од 65 евра

Француската фудбалска ѕвезда која неодамна објави репрезентативна пензија, Антоан Гризман, изненади во изборот на новиот спортски бренд на копачки кои ги носи. Тој имаше долгогодишна соработка со компанијата „Пума“, но откако истече договорот тој играше со црни копачки без ознака барајќи нов технички спонзор.

Според настапот на мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал францускиот фудбалер има нов спонзор кој е изненадување. Гризман носеше копачки од марката „Кипста“, која е специјализиран бренд за фудбалска опрема на ланецот европски продавници „Декатлон“. Ова е првпат компанијата да има една ѕвезда како свој клиент.

Инаку, „Кипста“ нема прескапи копачки како најдобрите светски брендови. Моделот кој Гризман го користеше чини „само“ 65 евра. Тоа веднаш западна во очи, бидејќи се работи за фудбалска ѕвезда која заработува 240.000 евра неделна плата. Јасно е дека тој не плаќа за копачките, а веројатно „Кипста“ му понудиле добри услови за соработка.

Пронајдете не на следниве мрежи: