Не направија горди пред празникот: Убедлива победа на Македонија над Летонија!

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 3-0 ја победи Летонија во Рига и додаде три нови бода на контото во Лигата на нации со кои ќе го задржиме првото место и по третото коло. Головите ги постигнаа Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас.

Македонските фудбалери можеби и не блескаа, но дадоа дури три гола и ја остварија целта по која отидоа во Летонија.

Натпреварот беше изедначен, двете селекции имаа свои можности, ние ги искористивме нашите и на крајот дојдовме до убедлива победа.

Имавме иницијатива во првото полувреме, но не бевме многу опасни кон голот на Летонците. Сепак во 35. минута направивме една фантастична акција, Елмас убаво додаде до Миовски кој асистираше до Атанасов, а тој реализираше за водство на Македонија од 1-0.

Во финишот од првото полувреме Летонија можеше да изедначи, но Димитриевски имаше две одлични интервенции со кои го спаси нашиот гол.

Вториот дел го почнавме лошо, бевме без идена, Летонија се закануваше по нашиот гол, но не успеа да изедначи. Казната за нивните промашени шанси дојде во 70. минута. Тогаш Димитриевски упати еден долг деганжман кој дојде до Ќамили а тој реализираше за предност до 2-0. Ова беше негов деби гол за Македонија.

Тоа не беше се, во судиското продолжение од натпреварот, една топка дојде до Елиф Елмас кој со силен шут ја смести во мрежата на домаќините за победа од 3-0.

Следниот натпревар на Македонија е веќе во недела, исто така од 18 часот. Гостуваме кај Ерменија во Ереван, тоа може да биде и клучниот дуел за првото место во групата.

Пронајдете не на следниве мрежи: