Мојсоска: Она што ѝ се случи на Струга во 2004 година, сега ѝ се случува на цела Македонија

Што очекувате од децениски политики на сегрегација и поделби во име на некое “мултикултурно општество”, небаре само во Македонија живеат различни етникуми, а другите држави се моноетнички?! – пишува на Фејсбук пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

– Македонија е длабоко поделена држава од територијалната поделба, па натака. Системски изградивме политики кои македонскиот јазик го девалвираа, државните симболи ги деградираа и успеавме да изградиме општество каде дел од населението оваа држава не ја ни чувствува за своја. Македонскиот јазик ниту се учи од најмала возраст, деца не можат да се разберат меѓу себе, што е преседан што го нема во ниту една држава.

Учењето на македонскиот јазик се етикетира како “одземање нечие туѓо право”, наместо како сврзно ткиво на нацијата (составена од различни етникуми). СДС и ДУИ донесоа закон каде што се укина познавањето на македонскиот јазик и македонската химна за добивање државјанство (што е услов во секоја европска држава), ама Левица што предупредуваше на последиците била фашистичка.

Дивеењето вчера само го отсликува колапсот на политичките елити, кои за теснопартиски интереси, се откажаа од унитарноста на државата. Кога беше референдумот против територијалната поделба, само СРАМНИ 27% излегоа да гласаат.

Македонците се откажаа од Западна Македонија, надевајќи се дека тоа нема никогаш да стигне во “нивниот двор”. Она што и’ се случи на Струга во 2004 година, сега и’ се случува на цела Македонија. Но, кусогледоста, индиферентноста и гледањето на само својот двор неизбежно води кон изумирање на македонската држава. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: