Дудуш ѝ се закани на Арсовска: Или ќе ги исчистиш контејнерите или ќе ти ги донесам пред канцеларија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш преку социјалните мрежи ѝ даде ултиматум на градоначалничката Арсовска. Тој вели дека контејнерите низ целата населба се полни со смет и, ѝ порача дека ако не ги испразни тогаш ќе ѝ ги донесе пред канцеларија.

„Градоначалник Данела. Контејнерите со смет низ целата населба се полни, за да не морам да ги празнам и складирам во мој приватен имот, да дојдете да си ги соберете во спротивно ви најавувам дека ќе ви ги донесам пред канцеларија. Чисто да си имаш во предвид!“, напиша Дудуш на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: