Во врска со неодамнешните инциденти со палењето и сквернавењето на албанското знаме во Северна Македонија, реагираше и амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани. Мејдани вели дека будно ја следат ситуацијата и дека постапуваат согласно дипломатската пракса.
„Внимателно ја следиме ситуацијата, во постојана комуникација сме со релевантните институции, целиот албански политички фактор и нашите партнери. Ве уверувам дека постапуваме во согласност со дипломатската пракса. Дипломатијата не е реално шоу, односите меѓу државите не се изградени врз емоциите на поединците, проблемите го надминуваат она што се гледа јавном смиреноста и зрелоста остануваат наши водичи“, напиша Мејдани.