МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија на Фрчкоски

МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија на Фрчкоски.

Во одговор на прашање на Инфомакс од МНР наведуваат дека Роза Живковска не ја вршела ревизијата, а според нивниот одговор документацијата која е обезбедена е употреблива како доказ во судска постапка.

Во продолжение одговорот од МНР.

– Во врска со Вашите прашања во врска со неодамнешната ревизија на ПМ на државата при ОН во Њујорк ве информираме дека спроведената постапка е дел од редовните ревизии планирани во годишниот план на министерството за 2024та.

Поранешната ревизорка во МНРиНТ Г-ѓа Роза Живковска не беше дел од теренската ревизија ниту е дел од процесот на интерната ревизија во МНР и НТ. Со оглед дека прашањето е во врска со текст објавен на Вашиот портал, на кој се појавуваат слики од поранешната ревизорка Живковска од Њујорк, Ве известуваме дека тоа патување е приватно, и министерството нема никакви финансиски обврски во однос на истото. Периодот на реализација на ревизијата, во која беше опфатено и друго ДКП, е целосно коинцидентен.

Воедно потсетуваме дека ревизијата е спроведена од внатрешниот ревизор во Министерството Г-ѓа Наташа Сибиновска, која е овластен и лиценциран ревизор, во соработка со Директоратот за организациони работи.

Со оглед на горе наведеното, сите документи кои ќе произлезат од предметната ревизија се валидни во судска постапка. Воедно потенцираме дека при утврдување на евентуални неправилности во работата каде би се констатирале и финансиски импликации кон Буџетот, надлежно е ЈО на РСМ, велат од МНР за Инфомакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: