Што се случува! Еврото паѓа, доларот во забрзан раст! Европските берзански индекси денеска се главно во пад, цените на нафтата и златото благо пораснаа

Европските берзански индекси денеска се главно во пад, цените на нафтата и златото благо пораснаа, а еврото ослабна во однос на американскиот долар.Индексот DAX на Франкфуртската берза падна во 9:30 часот на 20.283,00 поени, францускиот CAC 40 на 7.440,06 поени, московскиот MOEX на 2.812,46 поени, додека британскиот FTSE 100 порасна на 8.265,27 поени.Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна на 42.635,20 поени, S&P 500 на 5.918,30 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот падна на 19.478,88 поени.Њујоршката берза денеска ги затвори сите пазари на акции и опции за национален ден на жалост за смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер, а американското знаме над берзата се вееше на половина копје, јавува Си-Ен-Ен.„Жалиме за загубата на претседателот Картер и ќе ги затвориме нашите американски пазари за време на националниот ден на жалост за да го прославиме неговиот живот и да го почитуваме неговото наследство“, рече во изјавата претседателот на Nasdaq, Тал Коен.Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 73.334 долари, а на нафтата од типот брент на 76.244 долари.Европските фјучерси на гас за февруари се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 44.950 евра за мегават-час.Цената на златото порасна на 2665,49 долари за унца, а на пченицата на 5,3868 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03015, што е приближно 0,24 отсто помалку од средата.

Пронајдете не на следниве мрежи: