Промоција на книгата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“

Музејот на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај со претставување на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Настанот е закажан за 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот и ќе се одржи во просторите за изложби на Музејот. Оваа публикација е дел од истражувачкиот проект кој е посветен на животот и делото на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу. Проектот се спроведува во рамките на годишната програма, а е поддржан од Министерството за култура и туризам. Целта на публикацијата е да ја збогати музејската презентација и да обезбеди едукативни материјали на историски теми, кои ќе бидат корисни во наставата по историја и граѓанско образование, во образовниот процес. Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос и историчар кој работи во Музејот. Настанот ќе го промовира м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и историчарка во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Скопје.
The post Промоција на книгата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: