Мециновиќ: На јавноста да ѝ биде јасно, ДОЛГОТ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ, ПРОЕКТИ НЕМА ДА ВИДИМЕ!

Долгот нема да може да се врати, а проекти веројатно нема да видиме, вели денеска во Собранието пратеникот Амар Мециновиќ за време на расправата за кредитот од Велика Британија.

– Се задолжуваме 6 милијарди евра за да после некоја година некоја идна ваша влада ги ветува проектите кои сега ги ветувате, а се ветувани 30 години! Долгот нема да може да се врати, проекти веројатно нема да видиме, а ќе има мерки за штедење и ќе штедите и кратите од народот, а не од мултинационалните компании и нивниот профит. Крајната цена ќе ја платат граѓаните, а не политичарите кои ќе се симнат од Власт и ќе ги гледаме со Поршиња во Монте Карло, вели Мециновиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: