Приведен велешанец кој намерно предизвикал пожар

Синоќа е приведен жител на велешкото село Горно Оризари поради намерно предизвикување пожар.

Според пријавата, тој со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: