Учебници повторно нема, а тие што ги има не се нови – Родителите гневни: Кажете НЕМА БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ, не казни да плаќаме!

Наставници и родители на социјалните мрежи споделуваат фотографии од стари учебници кои ги добиле нивните деца. Исто така се споделуваат информации дека учебници за сите одделенија нема, а нема ниту во средните училишта.

На социјалните мрежи негодуваат и родителите, но и наставниците.

Претходно и министерката Весна Јаневска и премиерот Мицкоски во неколку наврати нагласија дека учебници има и дека се доставени до сите училишта, а исто така додадоа дека се работи за нови учебници.

Според информации од читатели на Инфомакс, учебници нема во прво, второ, трето и седно одделение. Во петто и шесто одделение делумно се доставени, осмо одделение се уште нема учебници, деветто има, меѓутоа стари, додека во средно се уште ништо не е поделено.

Пронајдете не на следниве мрежи: