Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во текот на вчерашниот ден бил дел од физичка пресметка со две лица, дознава Инфомакс.
Засега, информацијата не е ниту потврдена, ниту демантирана од страна на градоначалникот до кој прашање упативме пред неколку часа, меѓутоа одговор до овој момент нема.
Според непотврдените информации станува збор за две лица, сопартијци на градоначалникот Ганиу. Причината за физичката пресметка засега не е позната, но неофицијално повредено лице побарало помош во Ургентниот центар.
Доколку градоначалникот Ганиу ја потврди или демантира информацијата по објавување на овој текст, неговиот одговор ќе биде соодветно објавен.



