ОЈО ГОКК оформи предмет за наводното следење на политичари и новинари

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со последните информации од АНБ за следење на политичари и новинари.

Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон.
Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани.

Пронајдете не на следниве мрежи: