Пензионер се здобил со тешки повреди откако малолетник го удрил со електричен тротинет

Скопската полиција извести дека вчера е пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: