Чулакот преживеал срцев удар: Преживувањето не е случајност – тоа е доказ дека моето срце избра да продолжи

Животот знае да нè изненади со удари кои не ги очекуваме. Срцевиот удар е токму таков момент – страшен, болен и непредвидлив. Но токму тогаш, кога мислиш дека силата те напуштила, во тебе се буди најголемата храброст.

Преживувањето не е случајност – тоа е доказ дека моето срце избра да продолжи. Секој нов ден после тоа е подарок. Секој здив е потсетник дека животот е драгоцен.

Не сум слаб зашто паднав, туку силен зашто се кренав. Од сега па натаму, секоја секунда е моја шанса за подобар јас.
Би сакал јавно да се заблагодарам на тимот од битолската болница, а посебно до директорката Ненси Лозанче за професионалноста и несебичноста да ме врати во живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: