Во Лондон уапсени тројца мажи под сомнение дека и помагале на руската разузнавачка служба

Тројца мажи се уапсени во Лондон под сомнение дека и помагале на руската разузнавачка служба, соопшти денеска лондонската полиција.

Апсењата се извршени во рамките на антитерористичка операција, а осомничените, на возраст од 44, 45 и 48 години, се притворени согласно Законот за национална безбедност, пренесе Скај Њуз.

Доминик Мерфи, раководител на единицата за борба против тероризмот, изјави дека полицијата забележува зголемување на бројот на лица кои дејствуваат како посредници за странски разузнавачки служби.

-Секој што би можел да биде намамен да извршува кривични дела во име на странска држава треба двапати да размисли, ваквите активности ќе бидат истражени и казнети рече Мерфи.

Апсењата се поврзани со претходни случаи на шпионажа. Минатиот месец, британската полиција уапси тројца други осомничени за шпионажа за Русија. Според извештаите на Си-Ен-Ен, оперативци поврзани со Русија регрутирале ситни криминалци за саботажи, меѓу кои и нападот со палење на украинска компанија во Лондон минатата година, дел од поширока кампања на Кремљ за ширење хаос и заплашување на поддржувачите на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: