Доколку градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има докази за злоупотреби, треба да ги достави документите до Министерството за внатрешни работи или до Јавното обвинителство, изјави главниот обвинител Љупчо Коцевски во врска со изјавите на Ѓорѓиевски за злоупотребите што ги открил во јавните претпријатија.
„Во врска со изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба да постапува по информации, ќе кажам само дека како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, може да ги пријави до надлежните органи, а тоа е Министерството за внатрешни работи, и да ги донесе тие документи, можеби до Јавното обвинителство.
„Јавното обвинителство досега постапуваше на овој начин, што значи дека ќе продолжи да постапува на овој начин и доколку навистина има злоупотреби, немаме проблем, ви стоиме на располагање“, рече Коцевски.
Ѓорѓиевски рече дека добил информации поткрепени со документи, кои укажуваат на можни незаконитости во работата на Јавното претпријатие „Општинска хигиена“, како и на други Јавни претпријатија.
The post Коцевски: Доколку Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби, треба да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството appeared first on Во Центар.



