Мицкоски: Планот за раст е многу повеќе од иницијатива за регионот

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за време на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“, што се одржа во Тирана, Албанија, нагласи дека за Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива. Тоа е приказна за трансформирање на посветеноста во вистинска промена.

„Ова беше резултат на посветена работа и силна верба во европските вредности. Нашата реформска агенда, усвоена од Европската комисија, се фокусира на она што е навистина важно – добро управување, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на една модерна европска држава, секојдневната реалност што сакаме да им ја понудиме на нашите граѓани.“

Оваа година поднесовме две барања за распределба на средства, кои ги поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнувањето на деловната клима и подобрувањето на енергетската ефикасност. Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспортната и железничката инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака“, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој додава дека овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги хармонизираме правилата, веќе ја практикуваме Европската Унија и нејзините вредности.
The post Мицкоски: Планот за раст е многу повеќе од иницијатива за регионот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: