Двајца мажи загинаа, а уште двајца беа повредени во ужасна сообраќајна несреќа во Минхен, кога Порше се судри со Рено, пресекувајќи го „на половина“, објавува rosenheim24.de .
Според извештајот од полицијата во Минхен, несреќата се случила во населбата Милбертсхофен во градот.
Поршето го управувал 19-годишник од Минхен, а во автомобилот била и 19-годишна сопатничка.
„Реното“, управувано од 27-годишен маж од Аугсбург, доаѓало од спротивната насока. Во „Реното“ имало уште двајца патници – 48-годишен маж на совозачкото седиште и 21-годишник на задното седиште.
Filmreifer Unfall in München: Renault wird mittig zerrissen, Porsche überschlägt sich mehrmals https://t.co/MDMH2XPSQK— tz (@tzmuenchen) November 30, 2025
Судирот се случил кога возачот на „Реното“, следејќи го зеленото светло на семафорот, почнал да свртува лево.
Во тој момент, Поршето што доаѓаше од спротивната насока го удри. Ударот беше толку силен што Поршето се преврте.
Во несреќата сите беа повредени, освен возачот на Поршето.
Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за да се утврди точната причина за оваа трагична несреќа.
The post Тешка несреќа во Минхен, автомобил се преполови на два дела – двајца мртви appeared first on Во Центар.



